• сабота, 03 август 2024

Општина Битола продолжува со урбано осовременување и зазеленување

Општина Битола продолжува со урбано осовременување и зазеленување
Битола, 22 август 2022 (МИА) - Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски изврши увид во теренските активности за изведба на ново детско рекреативно катче, лоцирано наспроти стадионот во Градскиот парк. Во соопштение до јавноста од тамошната локална самоуправа најавија подготвителни теренски активности на КЈП „Нискоградба“ со градежни работи на градскиот парк во Нова Битола. -По сондирањето на јавното мислење на жителите во Нова Битола, локалната самоуправа презеде чекор за уредување на површина од 25.000 метри квадратни, која досега воопшто не беше одржувана и употреблива, со што ќе се добие нов парк. Покрај хортикултурно и партерно уредување, паркот ќе содржи спортски и детски реквизити, урбана опрема и соодветно осветлување, со што граѓаните и посетителите на Битола ќе добијат ново место за одмор и рекреација, како и за игра и забава на најмладите, соопштија од Општина Битола. мт/ев/

Остани поврзан