• среда, 06 ноември 2024

Општина Битола избра идејно решение за градскиот влез „Круг на јарболите“

Општина Битола избра идејно решение за градскиот влез „Круг на јарболите“

Битола, 24 јануари 20202 (МИА) - Општина Битола избра решение „Круг на јарболите“ со кое ќе се редизајнира влезот во градот кај местото викано „Дулие“.

Според општинската комисија за најквалитетен е оценет трудот и идејата на авторите Дејан Томски и Мила Ролиќ.

Идејата на авторот, инвентивноста на овој труд, соодветствува на целокупниот амбиент со силен уметнички израз. Пораката што ја пренесува решението е целосна, издржана и силна – ракување. Решението е транспарентно, лесно и економично за изведба со можност за етапна градба, информираа од Општина Битола.

Градоначалникот на Општина Битола, како распишувач на конкурсот ќе организира изложба на конкурсните трудови во просториите на Општина Битола, на која ќе биде доделена награда од 60.000 денари за првонаградениот труд и по 6.000 денари за секој труд кој ги задоволи критериумите на конкурсот.  мт/ир

Остани поврзан