• понеделник, 02 февруари 2026

Општината Чешиново - Облешево на Саемот за турирзам и рурални домаќинства се претстави со семејна винарија

Општината Чешиново - Облешево на Саемот за турирзам и рурални домаќинства се претстави со семејна винарија

Кочани, 2 февруари 2026 (МИА) - Општина Чешиново-Облешево со свој претставник учествуваше на Саемот за туризам и рурални домаќинства во Скопје, во организација на Министерството за култура и туризам.

Според соопштението од локалната самоуправа, на саемот, со гордост била претставена Семејната винарија „Дедов Двор“ од село Кучичино, како пример за автентично рурално домаќинство, посветено на традицијата, квалитетното производство и развојот на руралниот туризам.

Од Општината најавуваат дека и понатаму ќе продолжат со поддршка на локалните производители и промоција на руралните вредности. ис/вј/

Фото: Општина Чешиново - Облешево

Остани поврзан