• понеделник, 23 декември 2024

Општина Куманово објави оглас за набавка на таблети за ученици

Општина Куманово објави оглас за набавка на таблети за ученици

Куманово, 11 јануари 2021 (МИА) - Општина Куманово  вторпат објави јавен повик за набавка и транспорт на таблети за потребите на Општина Куманово, соопштија денеска,  надлежните од одделението за јавни набавки. Во декември беше објавен огласот, но понудувачите понудиле цени кои биле понеповолни од реалните на пазарот. Проценетата вредност е 3,3 милиони денари без вклучен данок на додадена вредност. Согласно, објавената јавна набавка, таблетите ќе треба да се испорачаат во просториите на Општината. Заинтересираните оператори треба да исполнуваат одредени услови, а понудите ќе треба да ги достават до 14 јануари, оваа година.

Претходно, со ребаланс на буџетот на Општината беа одвоени вкупно 3,5 милиони денари за набавка на лаптоп, таблети и други уреди за следење на онлајн настава за ученици кои потекнуваат од социјално ранливи категории семејствата.

Дел од средствата беа пренаменети од ставката за  новогодишно украсување, дел беа заштедени од превоз и други потреби за учениците, а дел од трансфери за невладини организации, но и од средства кои првично беа наменети за манифестации и со ребелансот во средината на ноември, лани беа пренементи за набавка на таблети, за учениците кои следат онлјан настава. ам/ки/

Остани поврзан