• петок, 15 ноември 2024

ОПЦВ: Траги од Новичок пронајдени во примероците на крв на Навални

ОПЦВ: Траги од Новичок пронајдени во примероците на крв на Навални

Берлин, 6 октомври 2020 (МИА) - Траги од забранетиот нервен агенс Новичок се пронајдени во примероците на крв на Алексеј Навални, соопшти  денеска Организацијата за забрана на хемиско оружје (ОПЦВ).

Во соопштението се вели дека маркерите во неговата крв и урина имаат слични структурни карактеристики, како и токсичните хемикалии што припаѓаат на групата Новичок.

Тие откритија ги потврдуваат резултатите објавени од Германија каде Навални се лекуваше откако се разболе на лет за Сибир на 20 август. Берлин побара од таа организација да земе примероци од неговата крв и да ги тестира откако германските лекари заклучија дека бил отруен од Новичок.

Западните влади повикаа на санкции против Москва во врска со случајот.

„Нема сомневања дека Навални е отруен од Новичок. Секоја употреба на хемиско оружје е загрижувачка, заклучи ОПЦВ на Твитер. паг/

Остани поврзан