Опериран новиот играч на Хјустон Кевин Дурант
- Новиот играч на Хјустон Рокетс Кевин Дурант беше подложен на операција
Хјустон, 15.јули 2025 (МИА) - Новиот играч на Хјустон Рокетс Кевин Дурант беше подложен на операција. Му беше извршена мала хируршка интревенција на палецот на левата рака. Докторите на Хјустон ја надгледуваа операцијата и никој не е загрижен што зборува дека се минало во најдобар ред.
Дурант во изминатава сезона често носеше заштита на левата рака и се чини дека со оваа операција проблемот е саниран.
Тој е еден од најдобрите шутери во лигата, а лани имаше просек на поени од 26,6 поени во дресот на Феникс Санс. Дурант беше дел од еден од најголемите „трејдови“ во НБА лигата, каде беа вклучени дури седум екипи.
Почетокот на подготовките за новата НБА сезона е закажан за почетокот на октомври, што значи дека Дурант ќе има доволно време за рехабилитација. мн/
Фото: ЕПА