Операта „Рита“ од Доницети вечер на малата сцена на Националната опера и балет
- Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети, вечер, со почеток во 20 часот, ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.

Скопје, 21 септември 2022 (МИА) - Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети вечер со почеток во 20 часот ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет.
„Рита“ е приказна за млада и убава жена, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент на операта е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски.
Солистичка екипа ја сочинуваат Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков и Борко Биџовски. вг/сп/
