ООУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром добива кошаркарско игралиште
- Со голема радост и задоволство можам да најавам дека во основното училиште „Гоце Делчев“ започнавме со изградба на ново кошаркарско игралиште, што претставува значаен исчекор во развојот на спортската инфраструктура во нашата општина, изјавил в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, за време на денешната посета на училиштето во Горно Лисиче, се наведува во општинското соопштение.
Скопје, 12 август 2025 (МИА) - Со голема радост и задоволство можам да најавам дека во основното училиште „Гоце Делчев“ започнавме со изградба на ново кошаркарско игралиште, што претставува значаен исчекор во развојот на спортската инфраструктура во нашата општина, изјавил в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, за време на денешната посета на училиштето во Горно Лисиче, се наведува во општинското соопштение.
-Новото игралиште, чија изградба се очекува да заврши пред почетокот на новата учебна година, претставува современ простор што ќе им овозможи на учениците и на љубителите на спортот да ги развиваат своите спортски вештини, особено во кошарката, но и да учествуваат во различни спортски активности што промовираат здрав начин на живот, тимска работа и личен развој, нагласува Општината.

Покрај изградбата на нов спортски терен, се додава во соопштението, во училиштето се вршат и инвестициски активности поврзани со реновирање на училишната зграда, како и опремување на училниците со нов канцелариски мебел со цел да се подобрат условите за настава.

Овие мерки, додава Општината, се дел од стратегијата за создавање современа и функционална образовна средина, каде што наставниците и учениците ќе имаат соодветни и современи услови за квалитетна работа и учење.
-Вложувањето во образованието и спортот е најдобрата инвестиција во иднината на нашата заедница. Продолжуваме да ги поддржуваме младите генерации преку обезбедување услови за целосен развој и остварување на нивниот потенцијал, како во училницата, така и на спортскиот терен, се нагласува во соопштението на Општина Аеродром. ац/
Фото: Општина Аеродром