• петок, 05 декември 2025

ОН со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција за формирање палестинска држава без Хамас

ОН со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција за формирање палестинска држава без Хамас

Њујорк, 12 септември 2025 (МИА) - Генералното собрание на ОН денеска со огромно мнозинство гласаше за поддршка на декларацијата во која се наведени „конкретни, временски ограничени и неповратни чекори“ кон решение за две држави за Израел и Палестина пред состанокот на светските лидери.

Декларацијата е резултат на конференцијата спонзорирана од ОН за мирно решавање на палестинското прашање и спроведување на решение за две држави, свикана во јули од ОН и копретседавана од Саудиска Арабија и Франција. САД и Израел го бојкотираа состанокот.

Резолуцијата со која се поддржува декларацијата беше усвоена со 142 гласа „за“, 10 „против“ и 12 „воздржани“. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан