• понеделник, 23 декември 2024

ОН повикаа странските борци и платеници да се повлечат од Либија

ОН повикаа странските борци и платеници да се повлечат од Либија
Њујорк, 29 јануари 2021 (МИА) - Советот за безбедност на Обединетите нации и генералниот секретар на ООН, Антониот Гутереш, повикаа илјадници странски борци и платеници веднаш да ја напуштат Либија. Потребно е сите странски трупи и сите странски платеници да преминат прво во Бенгази и Триполи, а оттаму да се вратат и да ги остават Либијците сами затоа што тие веќе покажаа дека ако ги оставите сами, можат да ги решат своите проблеми, рече Гутереш. Советот за безбедност на ОН расправаше за ситуацијата во Либија и издаде соопштение во кое се повикува на повлекување на сите странски борци и платеници без натамошно одложување, а сите домашни и меѓународни актери да го почитуваат ембаргото за оружје и договорот за прекин на огнот. Вршителот на должноста амбасадор на САД во ОН Ричард Милс наведе и за кои земји станува збор. - Ги повикуваме сите надворешни страни, вклучително и Русија, Турција и Обединетите Арапски Емирати, да го почитуваат суверенитетот на Либија и веднаш да ги прекинат сите воени интервенции во оваа земја, рече тој. Од 2014 година, Либија е поделена меѓу меѓународно признаената влада за национално единство со седиште во Триполи и либиската национална армија на Калифа Хафтар на исток. Конфликтните страни постигнаа договор за прекин на огнот во октомври, но не се повлекоа. паг/

Остани поврзан