• петок, 22 ноември 2024

ОН повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите

ОН повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите
Техеран, 28 септември 2022 (МИА) - Обединетите Нации денеска повикаа Иран да не употребува „беспотребна или премногу сила“ врз демонстрантите, кои се борат за женските права во земјата. - Сите сме загрижени поради извештаите за пораст на бројот смртни случаи поврзани со протестите, вклучувајќи жени и деца, изјави портпаролот на генералниот секретар на ОН, Стефан Дижарик. Тој побара „брза, непристрасна и ефикасна истрага“ за смртта на 22-годишната Махса Амини, која како што се верува, е убиена од страна на полицијата за морал. Наводно, причината е тоа што не го носела хиџабот правилно. По нејзината смрт, избувнаа протести во најмалку 46 градови и села во Иран. Според државната телевизија, во конфликтите меѓу полицијата и демонстрантите има најмалку 41 жртва. бд/јт/

Остани поврзан