• четврток, 21 ноември 2024

ОН побараа ослободување на произволно затворените лица во Мјанмар

ОН побараа ослободување на произволно затворените лица во Мјанмар
Њујорк, 24 март 2021 (МИА) - Обединетите нации денеска повика за ослободување на „произволно затворените“ луѓе во Мјанмар, вклучувајќи ја и лидерката Аунг Сан Су Чи. - Остануваме загрижени поради произволните апсења, вклучително и новинари и лидери на граѓанското општество, изјави портпаролот на ОН, Фархан Хак по ослободувањето на околу 600 лица уапсени од воениот удар извршен на 1 февруари. Според него, ОН продолжува внимателно да ги следи случувањата во Мијамар, особено по смртта на едно дете убиено од безбедносните сили во неговиот дом. Се повеќе цивили кои не учествуваат во протестите, вклучувајќи жени и деца, се мета на насилство. Според Здружението за помош на политички затвореници, седумгодишно девојче било убиено „од истрел во стомакот додека било во својата куќа“ во Мандалај. гт/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан