• понеделник, 23 декември 2024

ОН објавија „нон-пејпер“ од самитот КОП27, документ заснован на предлозите на 200 делегати на земјите учеснички

ОН објавија „нон-пејпер“ од самитот КОП27, документ заснован на предлозите на 200 делегати на земјите учеснички
Шарм ел Шеик, 17 ноември 2022 (МИА) - Обединетите нации денеска го објавија првиот нацрт-договор од климатскиот самит КОП27 што се одржува во Шарм ел Шеик, Египет. Документот, означен како „нон-пејпер“ (што покажува дека сè уште е далеку од конечната верзија), ја повторува целта од минатогодишниот договор за климата во Глазгов „да се забрзаат мерките за постепено намалување на употребата на јаглен и постепено укинување и рационализирање на субвенциите за фосилните горива“. Документот не повикува на постепено укинување на сите фосилни горива, како што бараат Индија и Европската унија. Текстот не вклучува детали за започнување фонд за штети од климатските промени, клучно барање на многу островски држави. Во документот се нагласува важноста на напорите на сите нивоа за постигнување на целта на Парискиот договор за ограничување на зголемувањето на глобалната просечна температура на 1,5 Целзиусови степени над прединдустриското нивоа. Документот е заснован на предлози од околу 200 делегати од земјите учеснички на самитот и треба да обезбеди основа за преговори во наредните денови кои најверојатно значително ќе го уасовршат и преработат текстот. паг/    

Остани поврзан