ОН го осудија ракетниот напад на Голанската висорамнина
- Обединетите нации го осудија ракетниот напад на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца.

Њујорк, 28 јули 2024 (МИА) - Обединетите нации го осудија ракетниот напад на Голанската висорамнина во кој загинаа најмалку 12 лица, меѓу кои и деца.
„Цивилите, децата пред се, не смеат да продолжат да го носат товарот на ужасното насилство што беснее во регионот“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. паг/
Фото: МИА архива