ОН ги критикуваат германските планови за депортација на Авганистанци
- Обединетите нации (ОН) денеска ги критикуваа германските планови за депортација на Авганистанци.
Женева, 4 јули 2025 (МИА) – Обединетите нации (ОН) денеска ги критикуваа германските планови за депортација на Авганистанци.
- Не е соодветно да се враќаат луѓе во Авганистан со оглед на ситуацијата што владее таму, изјави портпаролката на Канцеларијата на високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Равина Шамдасани.
Германија размислува за директни преговори со талибанските власти во Авганистан со цел да се олесни депортацијата на авганистански престапници, што Берлин вети дека ќе го забрза, изјави вчера германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добриндт.
Германија, како и повеќето земји во светот, не ги признава талибанците како легитимна власт.
- Би сакал директно да склучиме договори со Авганистан за да овозможиме репатријација, рече Добриндт во интервју за германски Фокус. јт/
Фото: МИА архива