Онлајн трибина на форумот на жени на ДОМ - „Менструална правда во македонското општество”
- Форумот на жени на ДОМ, денеска организира онлајн трибина на тема „Менструална правда во македонското општество” на платформата WEBEX.

Скопје, 10 март 2021 (МИА) - Форумот на жени на ДОМ, денеска организира онлајн трибина на тема „Менструална правда во македонското општество” на платформата WEBEX.
Говорници на трибината ќе бидат пратеничката и претседателката на зелената партија ДОМ, Маја Морачани, Катерина Иванова, претставничка на невладината организација Хера, Јана Коцевска од невладината организација „Тиииит! Инк.“ и Наташа Доковска од организацијата „Новинари за човекови права”. Модератор на настанот ќе биде Теодора Крстевска
Трибината се организира со цел да се претстават релевантни истражувања за менструалните предрасуди и менструална стигма, со посебен фокус на менструална правда во македонското општество.
Настанот може да се проследи на следниот линк. ки/са/