• понеделник, 23 декември 2024

Онлајн предавање на Петер Халвард во рамки на фестивалот „КРИК“

Онлајн предавање на Петер Халвард во рамки на фестивалот „КРИК“
Скопје, 21 септември 2021 (МИА) - Во рамки на шестото издание на фестивалот за критичка култура „КРИК“ вечер, во 19.30 часот, онлајн предавање ќе има Петер Халвард, професор на Центарот за истражувања на модерната филозофија на Европа при Универзитетот Кингстон во Велика Британија. Предавањето „Заедничка цел: Предизвикот на споделеното владеење“ ќе може да се следи на Фејсбук страницата на „КРИК“ или преку платформата Зум (Zoom). -Во рамки на КРИК 06 оваа недела продолжуваме да го истражуваме јазолот на нашето време, причините за анксиозноста и можните алтернативни формати на организирање на заедницата која ќе биде грижлива, праведна, солидарна и рамноправна, соопштија од Фестивалот. Петер Халвард во моментов работи на својата книга „Волјата на народот“ која треба да биде објавена во издание на „Версо“ во 2023 година. Халвард работи и на сет теми кои се во релација со широката тема за политичката волја. Тој е дел од уредувачкиот одбор на магазинот „Radical Pfilosophy“. По предавањето на филозофот Петер Халвард ќе следи разговор со Артан Садику, истражувач, теоретичар и активист. мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан