ОМД: Од Европа, преку Македонија, до САД, илјадници километри нè делат, но едно знаме, една историја и една татковина нè обединуваат
- По повод 35 години од независноста на Македонија, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) овој септември го одбележува Денот на независноста со серија на настани кои симболично ги поврзуваат Македонците од татковината и дијаспората. Прославата започна на 6 септември во Малме, Шведска, каде Македонците го прославија Денот на независноста на уникатен начин, со пловидба по каналите на Малме, исполнета со македонски знамиња, музика и заедништво., се наведува во соопштението на ОМД кое МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 8 септември 2026
По повод 35 години од независноста на Македонија, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) овој септември го одбележува Денот на независноста со серија на настани кои симболично ги поврзуваат Македонците од татковината и дијаспората. Прославата започна на 6 септември во Малме, Шведска, каде Македонците го прославија Денот на независноста на уникатен начин, со пловидба по каналите на Малме, исполнета со македонски знамиња, музика и заедништво., се наведува во соопштението на ОМД кое МИА го пренесува интегрално.
Денес, на 8 Септември, прославата продолжува од Скопје, од срцето на Македонија, каде заедно ја славиме слободата, независноста и правото на македонскиот народ самостојно да ја гради својата иднина.
Но септемвриското одбележување на македонската независност не завршува тука.
На 26 септември во Њујорк, македонското знаме ќе биде свечено подигнато на церемонија посветена на Денот на независноста, носејќи ја Македонија и македонската приказна во еден од најпрепознатливите градови во светот.
6 септември – Малме.
8 септември – Скопје.
26 септември – Њујорк.
Од Европа, преку Македонија, до САД, илјадници километри нè делат, но едно знаме, една историја и една татковина нè обединуваат.
35 години независна Македонија.
35 години гордост, истрајност и надеж.
Каде и да сме, Македонија е со нас.
Нека ни е честит 8 Септемвр, Денот на независноста на Македонија!
ОМД