• сабота, 11 мај 2024

Омбудсманот во извештај за 2022 година констатира неповолни услови за малолетничките кои издржуваат мерка упатување во воспитно-поправен дом

Омбудсманот во извештај за 2022 година констатира неповолни услови за малолетничките кои издржуваат мерка упатување во воспитно-поправен дом

Скопје, 26 април 2023 (МИА) – КПУ Воспитно поправниот дом „Идризово“ за малолетнички не е соодветно место за упатување деца за извршување воспитно - поправна мерка, од повеќе причини коишто се од круцијално значење за основната цел, а тоа е нивното превоспитување.

Ова е констатирано во Годишен извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2022 кој Народниот правобранител го презентираше пред членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците.

МИА ја отвори оваа тема при посетата на ВПД – Волковија за момчиња и ВПД – Идризово за девојчиња. Во сторијата на МИА за условите во импровизираниот ВПД за девојчиња во Идризово, која беше дел од серијалот стории за децата во судир со законот и воопшто за условите во кои ја издржуваа мерката упатување во ВПД, беше објавено дека кога имаат потреба од нешто, малолетничките, сместени во адаптирана соба во ходник во рамките на Казнено - поправната установа Идризово, се принудени да викаат преку прозорецот од тоалетот, бидејќи немаат уред за повик до службите.

На прашање што доколку колку има потреба од упатување други девојчиња во ВПД, Нанев рече дека сè уште нема институција исклучиво за девојчињата, бидејќи, според него, ВПД во Волковија е само

Народниот правобранител, поради констатирани неправилности во поглед на упатувањето на малолетничките на кои им е изречена воспитно - поправна мерка во КПУ КПД ВПД „Идризово“ отвори предмет по сопствена иницијатива.

 -Согласно Законот за извршување на санкциите, КПУ КПД ВПД „Идризово“ е место каде може да се сместат и овие лица, но став на Народниот правобранител е дека оваа установа не е соодветно место за упатување деца за извршување воспитно - поправна мерка. Имено, малолетничките сместени во КПУ КПД ВПД „Идризово“ не посетуваат настава, не се оспособуваат за работни занимања, не можат да се занимаваат со спорт, затоа што оваа установа истото не може да им го обезбеди. Понатаму, за девојчињата сместени во установата не постојат услови за доследно обезбедување на здравствена заштита, а воедно тие се изложени на контакти со возрасни осуденички кои издржуваат казна затвор во истата установа, што несомнено може штетно да влијае и да го попречи остварувањето на процесот на нивно превоспитување. Исто така, условите за живот во делот од установата каде што се сместени малолетничките не ги задоволуваат минимално поставените стандарди за простории за овие лица, се наведува во Годишниот извештај на Омбудсманот.

Народниот правобранител констатира дека малолетничките се доведени во неповолна положба во однос на нивните врсници од машки пол - малолетниците коишто истата мерка ја издржуваат во Воспитно - поправниот дом Тетово.

-Од овие причини, Народниот правобранител упати укажување до министерот за правда и до директорот на Управата за извршување на санкциите заради потребата од итно разгледување на можноста и малолетничките да се преместат во објектот на Воспитно - поправниот дом Тетово, на начин што ќе бидат соодветно одвоени во посебен дел од истиот објект, со цел остварување на основната цел на упатувањето на издржување воспитно - поправна мерка, а тоа е нивното превоспитување, стои во Годишниот извештај презентиран пред пратениците.

Во документот се појаснува дека до надлежните органи се упатени и препораки за соодветни измени во Законот за извршување на санкции во насока на исклучување на можноста за сместување на женски лица упатени на издржување воспитно - поправна мерка во КПД „Идризово“, како и дека од министерот за правда се известени дека ќе се изнајдат начини за постапување по укажувањата и препораките на Омбудсманот и ќе се пристапи кон подготовка на условите за преместување на малолетничките на издржување воспитна - поправна мерка во Воспитно - поправниот дом Тетово.

МИА во сториите пишуваше и за проблемот со образованието на штитениците од ВПД кои од септември 2021 до 2022 јуни немаа образовен процес и повторно од октомври 2022 година за што Народниот правобранител по сопствена иницијатива отвори предмет заради обезбедување образование и на децата штитеници од Воспитно - поправниот -  Тетово. бк/ац/

Фото: МИА архива

Остани поврзан