• четврток, 04 декември 2025

Олимпискиот кошаркарски турнир во 2028 година ќе започне два дена пред церемонијата на отворање

Олимпискиот кошаркарски турнир во 2028 година ќе започне два дена пред церемонијата на отворање

Лос Анџелес, 21 август 2025 (МИА) - Олимпискиот кошаркарски турнир во Лос Анџелес 2028 година ќе започне на 12 јули, два дена пред церемонијата на отворање, објави ФИБА.

Не е јасно дали турнирот во машка или женска конкуренција ќе започне на тој датум, или и двата. Прелиминарниот распоред вклучува по три натпревари на 12 и 13 јули.

-Оваа промена ќе овозможи четвртфиналните натпревари да се играат во текот на два дена, а исто така ќе обезбеди ниту еден натпревар да не започне пред пладне, подобрувајќи го целокупното искуство за играчите, тимовите, навивачите и телевизиските куќи, соопшти ФИБА во соопштение за медиумите.

Натпреварите за бронзен медал ќе се играат на 28 и 29 јули, а натпреварите за златен медал на 29 и 30 јули (последниот ден од Игрите).

На Олимписките игри во Париз 2024 година, американските тимови ги освоија златните медали и во машка и во женска конкуренција. зс/

Фото. ЕПА

Остани поврзан