• петок, 05 декември 2025

Олимпик Лион и следната сезона ќе игра во Лига 1

Олимпик Лион и следната сезона ќе игра во Лига 1

Париз, 9.јули 2025 (МИА) - Францускиот клуб Олимпик Лион останува и следната сезона ќе биде дел од Лига 1. Тоа е епилогот по жалбата на познатиот француски клуб до комитетот за жалби при службата за финансии на Францускиот Сојуз на Франција. 

Првите луѓе на клубот успеаја да обезбедат финансиски гаранции со што е поништена одлуката за исфрлање на клубот во понизок ранг. И пред да биде објавена одлуката клубот искажа благодарност до комисијата за жалби, која ја препознала амбицијата на новото раководство на клубот. 

Фрнацускиот сојуз на 24.јуни ја потврди одлуката донесена претхедно околу проблемите со финансиското работење на клубот и неговот исфрлање од Лига 1. Покрај настапот во француската лига Олимпик Лион ќе игра и во натпреварувањата на УЕФА односно во Лига Европа.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан