• недела, 22 декември 2024

Оливија Мун има рак на дојка

Оливија Мун има рак на дојка

Лос Анџелес, 15 март 2024 (МИА) - Американската глумица Оливија Мун, на Инстаграм, со слика од болница, објави дека ѝ е дијагностициран агресивен облик на луминален Б рак на дојка.

„Ми беше дијагностициран рак на дојка. Се надевам дека, споделувајќи го, ова ќе им помогне на другите луѓе да најдат утеха, инспирација и поддршка на своето патување“, напиша Мун.

Луминалниот Б рак на дојка сочинува до 20 отсто од повеќе од 240.000 нови случаи на рак на дојка дијагностицирани секоја година, според Фондацијата „Сусан Г. Комен“. Тој вообичаено се дијагностицира кај помлади луѓе, во споредба со другите видови рак на дојка, и има веројатност да се развие во рок од 10 години по породување.  си/

Фото: Инстаграм

Остани поврзан