Околу 300 илјади Израелци протестираа поради владините реформи во правосудството
- Голем број Израелци излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството.
Ерусалим, 5 март 2023 (МИА) - Голем број Израелци излегоа на улиците, деветта недела по ред, протестирајќи против владините реформи во правосудството.
„Џерузалем пост“ објави дека околу 300.000 граѓани протестирале низ целата земја.
Портпаролот на израелската полиција изјави дека околу 200 демонстранти го пробиле полицискиот кордон во Хашалом во Тел Авив, запалиле ракети и дека полицијата се обидела да ги спречи. рп/