• четврток, 09 април 2026

Околу 20 бродови отпловија од Марсеј за да се приклучат на новата флотила кон Газа

Околу 20 бродови отпловија од Марсеј за да се приклучат на новата флотила кон Газа

Марсеј, 5 април 2026 (МИА) - Околу 20 француски бродови отпловија од пристаништето на францускиот град Марсеј за да се приклучат на новата меѓународна флотила кон Појасот Газа, која се очекува да вклучува околу 100 бродови. Целта на флотилата е да ја пробие израелската блокада и да стигне до палестинската енклава.

„Газа, Марсеј е со тебе!“ скандираа повеќе од илјада луѓе кои дојдоа да го поддржат заминувањето на бродовите, од кои повеќето беа јахти.

Оваа нова меѓународна флотила ќе отплови кон Газа околу 20 април по еднонеделна посета на јужна Италија. Пред тоа, повеќето бродови од новата флотила ќе ѝ се приклучат од Барселона на 12 април.

На есен 2025 година, првата флотила од околу педесет бродови, вклучувајќи политичари и активисти како што е Швеѓанката Грета Тунберг, беше запрена од израелската морнарица, а луѓето на бродот беа уапсени и протерани од Израел.

Појасот Газа, под власт на Хамас, е под израелска блокада од 2007 година. Израел и палестинското исламистичко движење се обвинуваат меѓусебно за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври 2025 година, по две години војна. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан