• среда, 14 јануари 2026

Оклахома го совлада Сан Антонио за четврта победа по ред

Оклахома го совлада Сан Антонио за четврта победа по ред

Оклахома, 14 јануари 2026 (МИА) - Оклахома Сити ноќеска го победи Сан Антонио дома со 119:98 во натпревар од НБА-лигата.

Најдобар стрелец на натпреварот беше плејмејкерот на домашниот тим Шеј Гилџус-Александер, кој постигна 34 поени. Бекот на Спарс, Стефан Касл со 20 поени е најефикасниот во поразениот тим.

Оклахома Сити ја доби својата четврта победа по ред и останува на чело во Западната конференција на НБА. Сан Антонио го претрпе вториот пораз по ред и е трет на Запад.

Резултати на другите средби одржани ноќта вторник кон среда:

Мајами – Феникс 127:121
Милвоки – Минесота 106:139
Њу Орлеанс – Денвер 116:122
Хјустон – Чикаго 119:113
ЛА Лејкерс – Атланта 141:116
Голден Стејт – Портланд 119:97. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан