ОИК Могила: Утре во Могила ќе гласаат 41 болни и немоќни лица
- Општинската изборна комисија (ОИК) Могила информира дека за гласање на домашна адреса се пријавиле и потврдени се 41 болни и немоќни лица.
Могила, 31 октомври 2025 (МИА) - Општинската изборна комисија (ОИК) Могила информира дека за гласање на домашна адреса се пријавиле и потврдени се 41 болни и немоќни лица.
Од ОИК Могила за МИА посочија дека избирачкиот материјал е пристигнат во ОИК, а утре членови на избирачките одбори ќе ги посетат и им овозможат на сите лица кои побараа да гласаат дома, да го искористат правото на глас.
На подрачјето на Општина Могила ќе се гласа и в недела, а право на глас имаат 4.661 жител кои на 23 гласачки места ќе избираат градоначалник на општината.
Како што е познато во вториот круг се пласираа актуелниот градоначалник Драганчо Саботковски поддржан од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ и независниот кандидат за градоначалник Сашо Пивковски кој во јавноста на 24 октомври објави дека ја повлекува својата кандидатура. мт/аа/
Фото: МИА