Озлогласениот филм „'Рѓа“ со Алек Болдвин го доби првиот трејлер
- Филмот, по сите контроверзии и озлогласености, на 2 мај годинава доаѓа во киносалите ширум светот, објави „Пипл“.

Лос Анџелес, 27 март 2025 (МИА) - Филмот со Алек Болдвин, „'Рѓа“ (Rust) го доби својот прв официјален трејлер. Филмот, по сите контроверзии и озлогласености, на 2 мај годинава доаѓа во киносалите ширум светот, објави „Пипл“ (People).
Пред повеќе од три години снимателката Халина Хачинс беше несреќно убиена на снимањето, по пукањето на Болдвин со пиштол, а режисерот Џоел Соуза беше ранет.
Трејлерот го следи Болдвин во улогата на одметникот Харланд Раст. Сместена во 1880-тите, приказната следи момче-сирак, кое го глуми Патрик Скот Мекдермот, кој е осуден на смрт откако случајно убил човек... Во остварувањето глумат и Тревис Фимел, Френсис Фишер, Џејк Бизи и други.
Инаку, филмот првпат беше прикажан на Фествалот „Камеримиџ“ во Полска, во ноември. На ИМДБ, првите 216 гледачи го оцениле со 4,3 / 10. си/сд/
Фото: МИА архива