• петок, 22 ноември 2024

ОЕЦД: Богатите да им помогнат на сиромашните против климатските промени

ОЕЦД: Богатите да им помогнат на сиромашните против климатските промени
Барселона, 6 ноември 2020 (МИА) - Богатите земји ќе мора да ги зголема напорите за да обезбедат средства за посиромашните земји погодени од пандемијата на коронавирусот за борба против климатските промени, доколку сакаат да го исполнат ветувањето дека ќе собираат по 100 милијарди долари годишно по 2020 година, соопшти Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Во својот годишен извештај, ОЕЦД наведува дека средствата за климата на земјите во развој се зголемени за 11 проценти на 78,9 милијарди долари во 2018 година, што е за околу 20 милијарди помалку од зацртаната цел за оваа година. Богатите земји на Самитот за клима во 2009 година на ООН се согласија да собираат 100 милијарди долари, од јавни и приватни ресурси, секоја година, почнувајќи од 2020 година, за да им помогнат на сиромашните земји да се развиваат со ниски емисии на јаглерод и да се прилагодат на ефектите од влошените климатски промени. паг/  

Остани поврзан