• недела, 22 декември 2024

Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

Од четврток попладне во прекин системите е-ПДД, е-Даночни услуги и МојДДВ

Скопје, 27 август 2024 (МИА) - Управата за јавни приходи соопшти дека од четврток попладне нема да бидат во функција системите е-ПДД и е-Даночни услуги, а можни се прекини и во работењето на апликацијата „МојДДВ“.

Прекините, како што информира УЈП, се поради надградба на овие системи.

- Поради извршување на овие активности, почнувајќи од 29.08.2024 година (четврток) од 16:30 часот, системите е-ПДД и е-Даночни услуги нема да бидат во функција. Во овој период,  можни се и прекини во работењето на апликацијата МојДДВ. По завршувањето на активностите, УЈП навремено ќе информира, се вели во информацијата од УЈП.

Апелираат до сите корисници на овие системи да ги завршат своите итни и неодложни обврски поради најавениот прекин. бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан