• среда, 03 јули 2024

Од утре делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“

Од утре делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“
Скопје, 23 јуни 2022 (МИА) - Во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ од утре се воведува делумна забрана за движење, во периодот од 6:00 до 20:00 часот, информираат од Град Скопје.
Воведувањето на делумната забрана за движење е според одлуката од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а по барање на ЈП „Национални шуми“ – Скопје, согласно член 57 став 2 од Законот за шумите.
Градот Скопје апелира до граѓаните да ја почитуваат воведената делумна забрана за движење во парк-шумата „Водно“ и во паркот на природата „Гази Баба“ и да придонесат за зачувување на зеленилото од евентуални пожари. дма/сст/

Остани поврзан