• недела, 22 декември 2024

Од среда времен сообраќаен режим од Песочани до Требеништа 

Од среда времен сообраќаен режим од Песочани до Требеништа 
Охрид, 6 октомври 2022 (МИА) - На регионалниот пат Кичево - Охрид, секција Песочани-Требеништа од среда, 12 октомври ќе има времен сообраќаен режим, соопшти денеска компанијата изведувач на градежните работи „Синохидро корпорејшн лимитед“ - Пекинг, подружница Скопје. Според информацијата, времена измена на сообраќајот, ќе има секцијата Пеочани - Требеништа на 0 километри до 2+300 и на 9 до 9+940 километри. - Во текот на градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна состојба, стои во соопштението на Синохидро. Апелираат до сите учесници во сообраќајот да возат со намалена брзина на движење и зголемено внимание. сс/цр

Остани поврзан