• вторник, 14 мај 2024

„Од почетник до успешен фриленсер” во Стартап Клуб Скопје

„Од почетник до успешен фриленсер” во Стартап Клуб Скопје

Скопје, 21 март (МИА) – Во Стартап Клуб Скопје денеска со почеток од 18 часот ќе се одржи новото издание на настанот „Од почетник до успешен фриленсер”, во соработка со Melita&Partners.

На настанот кој ја обединува фриленсерската задница во земјава, ќе говорат Мелита Јмерага, основач на компанијата Melita&Partners и креатор на платформата KUDO Become Freelance Digital Accountant и Билјана Киселички, фриленс сметководител и експерт за истражување на финансиски измами.

Тие ќе го споделат своето знаење како успешно градат интернационални фриленс кариери во областа на финансиите и како со помош на дополнителни доедукации и применети алатки успеале да остварат долгорочни соработки со многу клиенти од различни дејности.

Настанот го организира Импакт Фондација и се реализира во рамки на проектот „Проширување на можностите за претприемништво на младите и економско зајакнување на жените”, поддржан од Амбасадата на САД. ар/мд/

Фото: Стартап клуб

Остани поврзан