• вторник, 24 декември 2024

Од понеделник вакцинација на населението од руралните средини во охридско

Од понеделник вакцинација на населението од руралните средини во охридско
Охрид, 10 јули 2021 (МИА) – Медицински тимови составени од лекар и сестра од понеделник ќе почнат со теренска вакцинација на населението од руралните средини во охридскиот регион како и во населените места на Општина Дебрца. Имунизацацијата на населението ќе се врши со кинеската вакцина„Синовак“, а граѓаните нема да мораат да се пријавуваат преку системот „Мој термин“. Однапред се одредени местата и термините каде ќе се спроведува имунизацијата, а населението е запознаено преку информативен материјал, како и преку претседателите на месните заедници. Предвидено е да се спроведува вакцинирање во четири до пет села дневно, а оние што сакаат да се вакцинираат доволно е само да приложат документ за лична идентификација. Теренската имунизација во охридскиот регион е предвидено да трае до 23 јули. Инаку, паралелно се спроведуваа имунизација на населението во вакциналниот пункт при Здравствен дом, како и во вакцинација и ревакцинација во Регионалниот пункт во спортската сала „Билјанини извори“. аб/аа/

Остани поврзан