• сабота, 23 ноември 2024

Од Општина Велес најавуваат во 2022 изградба на Регионален центар-прифатилиште за згрижување бездомни животни

Од Општина Велес најавуваат во 2022 изградба на Регионален центар-прифатилиште за згрижување бездомни животни
Велес,10 март 2022 (МИА) - На денешната седница на Советот за развој на Вардарски плански регион одржана во електронската сала на Општина Велес, се дискутирани повеќе тековни теми, меѓу кои и проблемот што општините од овој регион го имаат со уличните кучиња, информираат од Општина Велес. Тие појаснуваат  дека изградба на Регионален центар – прифатилиште за згрижување на бездомните животни во текот на 2022 година е заедничкиот заклучок на сите присутни на состанокот, со што ќе ја заштитиме безбедноста на граѓаните од една страна, но и ќе обезбедиме хуман третман на кучињата од другата. Како, кога поточно, со колкави финансиски средства и на која локација ќе започне неговата изградба засега нема детално појаснување од надлежните служби  во Општина Велес. ад/цр  

Остани поврзан