• понеделник, 23 декември 2024

Од Нетанјаху побарано да ги врати подароците што ги добил додека беше премиер

Од Нетанјаху побарано да ги врати подароците што ги добил додека беше премиер
Ерусалим, 30 август 2021 (МИА) - Кабинетот на израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска побара од поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху да врати десетици скапи подароци што ги добил додека бил на функцијата. Барањето, кое денеска беше потврдено од кабинетот на премиерот Бенет, следеше откако Нетанјаху одмараше на приватен остров на Хаваите, кој е речиси целосно во сопственост на милијардерот Лари Елисон. Елисон, основачот на компанијата „Оракл“, е пријател на поранешниот премиер и е сведок во обвинителството на судењето за корупција на поранешниот лидер. Поранешниот израелски премиер Нетанјаху, сега лидер на опозицијата, се здоби со репутација дека живее раскошен живот, честопати на сметка на даночните обврзници, и му се суди за наводно прифаќање скапи подароци од богати соработници. Нетанјаху ги отфрли сите обвиненија и рече дека е жртва на клевета. Весникот „Марив“ наведува дека од Нетанјаху било побарано да врати 42 предмети, вклучувајќи подароци од поранешниот американски претседател Барак Обама и рускиот претседател Владимир Путин.  Се наведува дека вообичаено е странските лидери да си даваат подароци за време на службени патувања, но подароците вредни над одредена сума, околу 90 долари, припаѓаат на државата Израел. Во соопштението на семејството Нетанјаху се вели дека сите подароци што се бараат според закон се вратени и дека оние „за кои станува збор не се во нивна сопственост“. паг/

Остани поврзан