• петок, 22 ноември 2024

Од индикаторите ќе зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20 април, најави Филипче

Од индикаторите ќе зависи дали ќе продолжат рестриктивните мерки и по 20 април, најави Филипче
Скопје, 14 април 2021 (МИА) - Продолжувањето на сегашните рестриктивните мерки по 20 април ќе зависи од индикаторите кои се следат при носењето на одлуките за нивно воведување, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. - Ако има потреба – да, ќе ги продолжиме. Веројатно ќе разговараме викендов и на почетокот на идната недела и ќе ги следиме бројките и менаџирањето со болниците. Тоа беа критериумите врз кои одлучувавме и анлизиравме до сега, а така ќе биде и во текот на следната недела, додаде Филипче одговарајќи на новинарско прашање во врска со евентуално продолжување на сегашните рестриктивни мерки. Рестриктивните мерки кои сега се во сила опфаќаат забрана за движење во периодот од 20 до 5 часот, а затворени се и сите угостителски објекти низ државата, како и рестораните и кафитериите во хотелите, мотели, хостели, пансиони и други објекти за сместување. Запрашан кога ќе се вакцинира против Ковид-19, министерот Филипче нагласи дека ќе почека да стигне поголемо количество на вакцини. - Не би сакал да го земам редот на кој било што има поголем ризик. Така што ќе се вакцинирам кога ќе стигне поголема количина на вакцини, истакна Филипче. Тој додаде дека лично не преферира ниту една вакцина, бидејќи, како што потенцира, сите се безбедни и проверени. сп/ац/

Остани поврзан