• среда, 03 јули 2024

Од денес ФК Тетекс на подготовки во Охрид

Од денес ФК Тетекс на подготовки во Охрид
Тетово, 3 август 2021 (МИА) - Фудбалерите на Тетекс од денес се во Охрид каде ќе поминат седум дена во подготвување за следната сезона. Од 12 јули до вчера фудбалерите беа на подготовки во Тетово. - Досега беше првата фаза, кондициските подготовки со фокус на трчање и сила, а одигравме и три натпревари. Сега со одењето во Охрид влегуваме во средна фаза на подготовки со пријателски натпревари и воигрување на екипата. После враќање од Охрид ќе следи кристализирање на составот и работа на тактички замисли, изјави денес Славчо Георгиевски, шеф на стручниот штаб. Во Охрид ќе се играат дуели со Струга Трим Љум (4.8) Гостивар (5.8) и Воска Спорт (8.8). Во текот на подготовките на клубот му се приклучија и Борис Јакимовски од Беласица и Ѓорѓи Глигоров од Осогово. ас/зс/

Остани поврзан