• недела, 21 јули 2024

Од денеска незначителен пад на температурата, до четврток земјава во портокалова фаза

Од денеска незначителен пад на температурата, до четврток земјава во портокалова фаза
Скопје, 3 август 2021 (МИА) - Периодот на стабилно и натпросечно топло време продолжува и во претстојниве денови, но максималната температура од денеска ќе биде во просек за два степенa пониска во однос на вчерашната. Како што соошти УХМР, времето денеска ќе биде сончево и натпросечно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 42 степена. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје и околината сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од западен правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени. До четврток ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури. В четврток попладне и в петок се очекува дестабилизација која ќе услови локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В петок температурата дополнително ќе се намали. мс/сп/

Остани поврзан