• петок, 05 декември 2025

Од Делчево и Македонска Каменица започна Културна тура со сатирични работилници

Од Делчево и Македонска Каменица започна Културна тура со сатирични работилници

Делчево, 19 септември 2025 (МИА) - Од Делчево и Македонска Каменица официјално започна културната тура која ги обединува изложбите, книжевните промоции и креативните работилници низ повеќе градови во Македонија.

Првите две работилници одржани во Делчево и Македонска Каменица беа посветени на пишување и илустрирање афоризми и епиграми, под менторство на Миле Ѓорѓијоски и Софија Ситновска. 

-На присутните им беше претставена и „Глаголица Нова“ од страна на Христина Деолска, која ја истакна нејзината примена во современата културна продукција.
Настанот го означи почетокот на серијалот културни активности кои ќе се одржуваат во наредниот период, информираше сатиричарот Миле Ѓорѓијоски.

Културна тура со афоризми, епиграми и уметнички изложби како што додаде ќе профолжи во повеќе градови низ Македонија.

-Во рамки на активностите на 2 октомври годинава во Кичево ќе биде отворена изложбата „Јаков од Камена Река“, а воедно ќе се одржи и промоција на книгата „Иста адреса“, проследена со работилница „Учиме да пишуваме афоризми и епиграми“. Веќе следниот ден, 3 октомври во Охрид, публиката ќе има можност повторно да присуствува на истата креативна работилница и на промоцијата на книгата. Културната тура продолжува на 6 октомври со работилницата за афоризми и епиграми, во Радовиш, додаде Ѓорѓијоски.

Организаторите најавија дека вакви работилници ќе се одржат и во Кочани и Крива Паланка. Проектот е поддржан од Министерството за култура. вс/

 


Фото: МИА

Остани поврзан