• среда, 04 декември 2024

Од Грција за Франција заминаа 16 деца бегалци без придружба

Од Грција за Франција заминаа 16 деца бегалци без придружба
Атина, 21 август 2020 (МИА) – Група од 16 деца бегалци без придружба, кои досега беа сместени во бегалските кампови во Грција, рано утрово, од атинскиот аеродром заминаа за Франција. Станува збор за првата група од вкупно 350 деца што ќе ги прими Франција, во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци кои се сместени во прифатните центри во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Франција, според Министерството за миграција и азил на Грција, освен деца бегалци без придружба ќе прими и вкупно 400 лица, односно семејства- баратели на азил. Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, рече дека „тесната грчко- француска соработка веќе се проширува и во справувањето со мигрантските предизвици“. ср/сд/

Остани поврзан