• среда, 17 јули 2024

Од Грција за Велика Британија ќе заминат 16 деца бегалци без придружба и 34 возрасни лица

Од Грција за Велика Британија ќе заминат 16 деца бегалци без придружба и 34 возрасни лица
Атина, 10 мај 2020 (МИА) – Во рамките на Даблинската конвенција, политиката на грчката Влада и европскиот план за релокација, утре, од Грција за Велика Британија ќе заминат 16 деца бегалци без придружба и 34 возрасни бегалци за обединување со нивните семејства, јави дописничката на МИА од Атина. Заминувањето е закажано за утре наутро од атинскиот аеродром со специјален лет на грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“, а во присуство на алтернативниот министер за миграција и азил на Грција Јоргос Кумуцакос, амбасадорката на Велика Британија во Атина Кејт Смит и специјалната секретарка од грчката Влада за заштита на деца бегалци без придружба Ирини Агапидаки. Како што соопштија од Министерството за миграција и азил на Грција, со истиот авион со кој бегалците ќе стигнат во Велика Британија, на враќање ќе се репатрираат 130 Грци од Лондон кои останаа заглавени поради рестриктивните мерки за време на пандемијата. Во рамките на европскиот план за релокација на 1.600 деца бегалци без придружба од Грција во европските земји, досега заминаа 12 деца за Луксембург и 50 за Германија, а планирано е во следниот период Финска да прими 100 деца бегалци без придружба, а од Грција за Швајцарија да заминат 22 деца. ср/

Остани поврзан