• сабота, 27 април 2024

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени  

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени  

Тетово, 11 април 2024 (МИА) - На булеварот „Илинден“ во Тетово вечерва во 22 часот и 45 минути имало пукало од огнено оружје, а жител на градот пријавил дека е  пукано кон неговата куќа.   Од СВР Тетово велат дека засега немаат информации за повредени лица.

-Во 22.45 часот М. Т. од Тетово во СВР Тетово пријавил дека од страна на непознато лице е пукано со огнено оружје од возило во движење во неговата куќа во Тетово. До сега нема пријава за повредени лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира СВР Тетово.

По пукањето полицијата со ленти го блокираше движењето за возила по делот од булеварот каде се пукало по што е почнат увид.ас/лв/

фото: принтскрин ФБ

Остани поврзан