• недела, 22 декември 2024

Од верските календари

Од верските календари
26 февруари 2020 (МИА) ОД КАЛЕНДАРОТ НА МПЦ Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 13 февруари. Денеска е Преподобен Мартинијан. Мартинијан бил родум од Палестинска Кесарија (Цезареја). На 18-годишна возраст го оставил светот и се повлекол на една планина во Кападокија, каде се подвизувал цели 25 години. После тоа тргнал да ги обиколува населените места, проповедајќи го Христа и поучувајќи го народот, но без да се задржува долго во нив. За две години тој обиколил 164 места, а најпосле стигнал во Атина, каде што се упокоил во 422 година. ОД КАТОЛИЧКИОТ КАЛЕНДАР Денеска е Св. Порфириј. Бил роден во 347 година во Солун, во многу богато семејство. Околу 378 година се повлекол во пустината, во Египет и живеел монашки живот. Порфириј бил многу побожен и имал способност за објаснување на Светото писмо. Ги сакал сиромашните. Во 395 година бил назначен за бискуп на Газа во Палестина. Неговите проповедувања и светиот живот придонеле неверниците да станат христијани. По 20-годишно бискупување, умрел во 420 година. ###

Остани поврзан