• понеделник, 23 декември 2024

Од Атина за Париз заминаа 11 деца бегалци без придружба

Од Атина за Париз заминаа 11 деца бегалци без придружба
Атина, 28 септември 2021 (МИА) – Група од 11 деца, десет момчиња од Авганистан и еден девојче од Ирак сите бегалци без придружба, денеска од Атина заминаа за Париз, во рамките на програмата на грчката Влада за релокација на деца бегалци, јави дописничката на МИА од Атина. На атинскиот аеродром, децата ги испратија заменик- министерката за миграција и азил на Грција Софиа Вултепси и надлежната за заштита на децата бегалци без придружба Ирини Агапидаки. Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека досега 1.006 деца, безбедно биле релоцирани во европски земји, мнозинството од нив се од Авганистан, а потоа следат Сирија, Пакистан, Конго и Египет, 80 отсто се на возраст од 15 до 17 години, а само еден процент до пет години. Додаваат дека ќе продолжат со напорите за релокација на уште 549 деца бегалци без придружба, коишто се во Грција.ср/сд/

Остани поврзан