• понеделник, 23 декември 2024

Одржан кординативен состанок по невремето во Делчево

Одржан кординативен состанок по невремето во Делчево
Делчево, 26 јуни 2022 (МИА) - По невремето кое вчера доцна попладне ја зафати територијата на град Делчево, се одржа координативен состанок на Кризниот штаб на кој присуствуваа претставници на локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи и МВР Делчево. На состанокот беа дефинирани понатамошните активности за справување со последиците кои ги предизвика силниот ветар и обилниот дожд, а во својата изјава, градоначалникот Горан Трајковски кој исто така беше дел од средбата изјави дека најважно е што досега не е пријавено ниту еден повредено лице како последица на силното невреме. -Делчево денес го зафати невреме со посериозни размери со ветришта и поголема количина дожд, но за наша среќа нема пријавено ниту еден повреден и тоа е најважно. Има материјална штета на институции и откорнати дрвја но сето тоа ќе се надомести, најважно е ќе повторам што нема ниту еден повреде, рече Трајковски. Ситуацијата во моментот како што рече е стабилна, а утврдување на фактичката состојба како што додаде ќе продолжи во текот на ноќта и денеска. -И во текот на ноќта работиме за да ги санираме штетите кои се настанати, секако во текот на утрешниот ден ќе продолжиме секаде онаму каде што има настанато штета. Локалната самоуправа, Јавното комунално претпријатие, Територијалната противпожарна единица, Центарот за управување со кризи, МВР Делчево сите сме заедно во ова што не снајде, за да можеме на граѓаните да им помогнеме да ги санираат штетите, изјави Трајковски доцна синоќа по состанокот. На новинарско прашање на кој начин доколку има надомест на штетата граѓаните ќе можат да пријават во Општината, дополни дека тоа ќе можат да го сторат од денеска и во текот на работната недела која претстои. -Законски ќе се постапи тоа што можеме да го санираме и ние како локална самоуправа да помогнеме и доколку е потребно да побараме помош за поголеми штети помош од Владата, рече Трајковски. Вакво невреме, како што посочи, го нема зафатено Делчево многу години наназад поради што апелираше до граѓаните таму каде што треба помош да се јават до Комуналното претпријатие МВР и Центарот за управување за кризи. вс/аа/

Остани поврзан