• петок, 08 ноември 2024

Одржан координативен состанок за Предлог законот за донирање вишоци храна

Одржан координативен состанок за Предлог законот за донирање вишоци храна

Скопје, 15 мај 2023 (МИА) - Во Дојран денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски, заедно со министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, министерката за животна средина Каја Шукова и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски,  учествуваше на координативен состанок на работната група за финализирање на предлог законот за донирање на вишоци храна.

Како што соопштија од  Агенцијата за храна и ветеринарство, за време на средбата се постигнал консензус за надлежностите, системот и платформата за управување со вишокот на храна и негова донација до граѓаните на кои таа им е најпотребна.

- Со донесување на ова законско решение се воспоставува институционализиран систем на донација на храна низ целата држава, се овозможува превенција на отпад и фрлање храна и се обезбедува пристап до храна на сите ранливи категории граѓани, се наведува во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство. цр/лв

Фото: Агенција за храна и ветеринарство

Остани поврзан