• понеделник, 29 април 2024

Одржан дводневниот Априлски коњички турнир

Одржан дводневниот Априлски коњички турнир

Скопје, 15 април 2024 (МИА) – На теренот на клубот Бравадос во скопско Волково викендот се одржаа 1. коло од Купот на Македонија и 1. коло од Државното првенство во прескокнување пречки со коњи.

Победници во купот:

Категорија Е: Петра Мурговска со грлото Куакс од КК Бравадос, Борјана Несторовска со грлото Визир од КК Бравадос и Андрија Ѓоќиќ со гркото Паули од КК Бравадос.

Категорија -Е*: Горјан Атанасовски со врлото Змеј од ККС Илинден.

Категорија -А*: Меланија Атанасовска со грлото Фара РВ од ККС Илинден.

Категорија  - А**: Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од КК Анималс.

Победници во првото коло од Државното првенство:

Класа Е: Петра Мурговска со грлото Куакс од КК Бравадос.

Класа Д: Горјан Атанасовски со врлото Змеј од ККС Илинден.

Класа Ц: Марта Димитријевиќ со грлото Калатус од ККС Илинден.

Класа Б: Петар Милошевски со грлото Надја од ККС Илинден и Софија Белиќ со грлото Метлог од Бравадос.

Класа А: Леонида Гроздановска со грлото Кардино 14 од КК Анималс. зс/

Остани поврзан