• недела, 28 април 2024

Одржан дводневен коњички турнир од македонската лига и државното првенство

Одржан дводневен коњички турнир од македонската лига и државното првенство

Скопје, 2 октомври 2023 (МИА) – На теренот на клубот Бравадос во скопско Волково, викендот се одржаа последното (4. коло) од Лига првенството на Македонија и 5. коло од Државното првенство.

Најдобри по класи во Лига првенството:
Категотрија Е со височина од 0,70 м и ширина 1 метар:
1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од клубот Бравадос
2. Ина Илиевска со грлото Балтазар од Бравадос
3. Петра Мурговска со грлото Бравадос од Бравадос

Категорија А со височина од 1 м ширина 1,1 м:
1. Зоран Јовановиќ со грлото Серафина од Бравадос
2. Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Бравадос
3. Ева Димитриевска со грлото Квиви Гринфилд од Бравадос

Категорија А** со височина на пречките од 1,2 м ширина до 1,3 м:
1. Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос  

Најуспешни во Државното првенство:
Класа Е:
1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од Бравадос
2. Петра Мурговска со грлото Куакс од Бравадос
3. место  Лана Ефтимовска со грлото Прешес од Анималс

Класа Д: 
1.Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од Илинден
2. Кристина Антовска со грлото Дон Октавијан од Анималс
3. Ина Илиевска со грлото Балтазар од Бравадос

Класа Ц:
1. Марта Димитриевиќ со грлото Калатус од Илинден
2. Ева Димитриевска со грлото Квиви Гринфилд од Бравадос
3. Софија Бешлиќ со грлото Метлок од Бравадос

Класа Б:
1. Зоран Јовановиќ со грлото Серафина од Бравадос
2. Меланија Атанасовска со грлото Фарам РВ од Илинден
3. Леонида Гроздановска со грлото Џилдан од Анималс

Класа А:
1. Леонида Гроздановска со грлото Кардино-14 од Анималс
2. Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Бравадос
3. Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос. зс/

Остани поврзан