• понеделник, 13 мај 2024

Одржан вториот „Мајски коњички турнир“

Одржан вториот „Мајски коњички турнир“
Скопје, 29 мај 2022 (МИА) – На терените на клубот Бравадос во скопско Волково викендов се одржа вториот „Мајски коњички турнир“ и 2. коло од Отвореното државно првенство во прескокнување на пречки за 2022 година. Најдобро пласирани по класи: Класа „Д“ висина  0,80 - 0,90 м.: 1. место  Лиа Каев со грлото Нур од Анималс 2. место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од Илинден 3. место Сандра Маслинко со грлото Прешес од Анималс Класа „Ц“ висина  0,90 - 1,10 м. со одржан еден бараж: 1. место Ева Димитриевска со грлото Ерос од Бравадос 2. место Лина Спировска со грлото Визир од Бравадос 3. место Меланија Атанасовска со грлото Влеут од Илинден Класа „Б“ висина 1,00- 1,20 м.: 1. место Љупка Аврамовиќ со Грлото Колпо Гросо од Бравадос 2. место Меланија Атанасовска со грлото Лори од Илинден 3. место Сиља Дуковска со грлото Најтингел од Илинден Класа „А“ висина 1,10-1,30 м.: 1. место Петар Милошевски со грлото Надја од Бравадос 2. место Дарио Гроздановски со грлото Силвано од Анималс 3. место Љупка Аврамовиќ со грлото Колпо Гросо од Бравадос Класа „Дебитанти“  висина  0,60 - 0,70 м.: Сите што го апсолвираа паркурот без казнени поени делат прво место: Калина Колевска со грлото Прешес од Анималс, Горјан Атанасовски со грлото Лори од Илинден, Кристина Атанасова  со грлото Војвотка од Анималс, Матеа Димовска со грлото Прешес од Анималс. зс/

Остани поврзан