• петок, 05 декември 2025

Одредени термините за осминафиналните дуели на Вардар со ПИК Сегед во ЛШ

Одредени термините за осминафиналните дуели на Вардар со ПИК Сегед во ЛШ
Виена, 3 март 2020 (МИА) - Европската ракометна федерација (ЕХФ) во соработка со клубовите и ТВ куќите кои ги вршат преносите од Лигата на шампионите ги одредија термините и саатниците за осминафиналните дуели. Вардар во осминафиналето ќе игра со ПИК Сегед, а првиот меч е во Скопје, додека реваншот во Сегед, Унгарија. СЦ „Јане Сандански" ќе биде домаќин на 22 март (недела) со почеток во 17 часот. Реваншот ќе се игра следната недела, 29 март со почеток во 17 часот. Победникот од овој дуел ќе игра во четвртфиналето против победникот од средбата Висла - Веспрем.

Остани поврзан